Во зградата која беше евакуирана детектирано зголемено ниво на амонијак од искористени мелни пелени

by fokus

Во зградата „Скопјанка“ од каде вечерва беа евакуирани станарите бидејќи пријавија непријатен мирис кој предизвикувал кашлање, екипите пронашле просторија во еден од становите преполна со искористени мелни пелени, соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

-Веројатно знаете во текот на попладневните часови од влезот 1 приијавија непријатна миризба и кашлање. Влезот од згградата беше евекуиран, го обезбедивме просторот, моравме да повикаме посебни едници кои испитаа ниво на токисини. Во станот 11 е откриена просторија преполна со користини мелни пелени кои не биле фрлени и има зголемена количина на амонијак, што не е штетно по здравјето. Во станот 11 се врши увид, каде што се наоѓа изворот. Потоа ќе се пристапи со дезинфекција на целата зграда. Повикани се и од Центарот за социјални грижи за станарите од станот 11. Живеат две жени во тој стан, едната е скоро 90годишна жена. Обезбедивме заштита на граѓаните и немаме пријавено последици, рече Шилегов.

Станарите вечерва ќе можат безбедно да се вратат во своите домови.

Поврзани новости