Во земјава се стигнати 390 бегалци од Украина, сместени се кај пријатели

by fokus

Од почетокот на војната во Украина досега, во Македонија се стигнати 390 бегалци од Украина, вели за „Фокус“ Александар Урбанович, претседател на здружението Украинци во Македонија.

Овие информации, Урбанович ги добил од Центарот за бегалци, азил и миграции. Според неговите информации, 90 отсто од Украинците кои стигнале во Македонија се сместени кај пријатели и нини блиски.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски пак денеска одговарајќи на новинарско прашање околу состојбата со украинските бегалци во земјава, рече досега во земјава дека се дојдени околу педесетина лица од Украина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

– Досега немаме некоја поголема бројка, околу педесетина луѓе, кои се украински државјани или украински државјани коишто се во брак со македонски државјани. Значи, нивните семејства се тука и сите се дојдени со претходна нивна организација, приватно.

Во овој дел сега немаме некаков посебен притисок за доаѓање на мигранти, што не значи дека тоа нема да ни се случи, заради тоа што она што навистина се случува во Украина е многу страшно и ние мора да подадеме пријателска рака на оние луѓе коишто бегаат од една таква агресија и од она што му се случува на украинскиот народ, рече Спасовски.

Инаку, според последните информации, повеќе од два милиони бегалци влегоа во Полска од Украина од почетокот на инвазијата, соопшти полската погранична служба.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости