Во земјава се лекуваат вкупно 348 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот

by Fokus

Во ковид центрите во болниците низ земјава во последните 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 348 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство.

-По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 23 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 47 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 29, во ковид центарот во Гостивар 15, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 21 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 8, Кавадарци 41, во Гевгелија 4 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, наведуваат од МЗ во соопштението.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 585 и има околу 480 празни болнички кревети во ковид центрите.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
-Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, наведуваат од Министерството за здравство.

Поврзани новости