Во затворен простор ќе мора да се носи маска, шал или марама

by Фокус

Во рамки на помошта од Европската унија обезбедени се 12 респиратори и 5.000 маски, објави министерот за здравство Венко Филипче во Топ Тема. Тој посочи дека маски задолжително ќе се носат во затворен простор каде е поголем ризикот да се одржи физичката дистанца, додека на отворен простор, според него, би се носеле доколку не може да се обезбеди препорачаната физичка оддалеченост.

– Во тек е проценка на тоа колку маски се на располагање во нашата држава. Уште една олеснителна околност е дека не мора да се носи хируршка маска, туку само прекривка или шал со што се спречува трансмисијата на вирусот. За загрозените категории на граѓани ќе ја преземеме обврската да обезбедиме маски. Сметам дека ова нема да биде некаков предизвик. Дури и сега гледаме дека граѓаните самоиницијативно носат маски, посебно во затворени простории – рече Филипче.

Тој додаде дека земјите го подготвуваат здравствениот систем за некој нов пик на есен, што значи дека проблемите со Ковид 19 нема да завршат до појавата на вакцина, која Филипче ја очекува до 2021 година. Дотогаш, порача министерот за здравство, сите мора да ги користат мерки за заштита, со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Поврзани новости