Во Загреб татко си ги уби трите деца

by fokus

56-годишен Австриец кој подолго време живеел во Виена ноќеска ги задавил своите три деца, а потоа се обидел да се самоубие со апчиња. Во моментов се наоѓа во болница во Загреб и е во стабилна состојба.

Тој ги убил своите седумгодишни близнаци: момче и девојче и својот четиригодишен син. Во текот на вчерашиот ден тој објавил статус на Фејсбук во кој го највува своето самоубиство.

-Збогум на сите. Ве напуштам бидејќи не можам повеќе да издржам. Љубовта на мојот живот, Мери ме напушти затоа што мојата поранешна сопруга Дајана беше многу лоша кон неа и затоа што немам повеќе пари. Сè што се обидував да направам во последната година и пол не функционираше, па дури и моите браќа од масонската ложа не сакаа да ми помогнат и на крајот не ми одговорија ниту на телефонските повици. Само мојот најдобар пријател Роланд и Манфред и братот Хелмут ми помогнаа колку што можеа. Но, сега, сега сум на крајот. Значи, збогум, гласел статусот.

Негов пријател пријавил во полицијата кога ја прочитал објавата, но кога полицијата пристигнала, веќе било доцна.

 

 

Поврзани новости