Редовното тестирање на сирените за општа опасност, кое се практикува секоја прва сабота во месецот во Загреб, Хрватска, ќе биде изоставено овој месец, информираат од Управата за цивилна заштита на Хрватска.
-Со цел да не се вознемират граѓаните поради случувањата во Украина, оваа месечна активност нема да се одржи во сабота. Тестирањето на сирените ќе го прекокнеме, за да нема дополнителна вознемиреност, и покрај тоа што се работи за вежба, чија цел е да не дојде до проблеми во случај на вистинска опасност – појаснуваат.
Деновиве во хрватските медиуми се објави и бројот на засолништа во поголемите градови. Овие пишувања следеа откако Путин се закани со нуклеарно вооружување. Според објавените податоци, во Загреб имало 1.062 засолништа, од кои најпознат бил тунелот Грич, каде можеле да се засолнат 2.000 луѓе.
Во Риека имало околу 200 засолништа, во Сплит 115, а во Осиек седум. Градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ информираше за засолништата и појасни дека периодично се проверуваат, дека се одржуваат и постојат протоколи за тоа. Потенцираше дека не сака да се шири било каква паника.
Вики Клинчарова