Во Загреб ќе пеам додека се испразни последното столче, оти тамошната публика ми е посебна!

by Fokus

Популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас го најави својот голем концерт во Арена Загреб, Хрватска, кој ќе се одржи на 13-ти мај. По повод настанот, тој гостуваше во емисија на радио Екстра ФМ, и порача дека ќе направи голем спектакл.

-Подготвен сум за Арената Загреб, ќе биде одлично бидејќи сакам да пеам во Загреб и ја сакам тамошната публика, затоа што е посебна. Ќе пеам колку што публиката ќе бара, се додека не се испразни и последното столче – порача музичарот.

Тој се најде во центарот на вниманието на нашата јавност минатиот месец, кога за време на својот настап во клуб во Охрид отпеа три песни, а потоа се повлече, бидејќи му се слошило. Публиката реагираше на социјалните мрежи, затоа што за коњопој платиле и по 9.000 денари, а не добиле појаснување дали Лукас повторно ќе дојде и ќе го одржи прекинатиот концерт.

Но, иако музичарот не се чувствувал добро во Охрид, тој веќе наредната вечер одржал концерт во Белград, а по два дена пак дојде во Македонија, и пееше во клуб во Струмица. Тогаш присутните го пофалија, бидејќи пеел со часови. Влезниците за неговиот концерт во Загреб се пуштени во продажба, и за разлика од оние во нашите клубови, се значително поевтини. Во ВИП делот се продаваат по 40 евра, додека останатите се со цена од 20 до 25 евра.

Вики Клинчарова

Поврзани новости