Во Вухан се собраа 11.000 луѓе на музички фестивал

by Фокус

Илјадници посетители присуствуваа на првиот ден од музичкиот фестивал во „Стробери“ во саботата што се одржа во епицентарот на пандемијата која повеќе од една година го држи во карантин целиот свет.

Вухан, градот од каде потекнува коронавирусот, повторно се врати во живот, а традиционалниот музички фестивал се одржа со публика.

За разлика од лани, кога настапите беа онлајн, оваа година на фестивалот во овој кинески град луѓето танцуваа, додека некои од нивните омилени музичари излегуваа на сцената.

Портпарол на организаторите за Ројтерс изјави дека бројот е ограничен оваа година, додавајќи дека во саботата на фестивалот имало околу 11.000 луѓе.

Беа поставени огради, а обезбедувањето го ограничи бројот на присутните. Некои носеа маски, но многумина не.

Луѓето во Вухан живееја под сериозни ограничувања повеќе од два месеци минатата година за време на првиот карантин.

Сега градот, според официјалните податоци, е скоро целосно без заразени.

Поврзани новости