Во второто тримесечје починале 51 бебе, двојно повеќе од првото тримесечје

by fokus

Бројот на живородените деца во второто тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 6.5 % и изнесува 4.596, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемување од 3.0 % пак има кај бројот на умрените лица. Во второто тримесечје починале 5.064 лицa, а од нив 51 се доенчиња.

Во првото тримесечје од 2020 година пак починале 22 доенчиња.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 66.5 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 1 147 бракови.

Во вториот квартал, според статистичката евиденција, биле разведени 181 брак.

Поврзани новости