Во вторник јавноста ќе дознае за истрагата за увозот на нафтените деривати

by Fokus

Во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излеземе со информација за јавноста, соопшти денеска на прес-конференција во Владата, вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски.

-Се прави детална анализа за активностите за да се има целосен увид и достапни информации. На владина седница се донесоа насоки кои беа дадени на институции, а пред некој ден имаше вонредна владина седница на која се побараа дополнителни информации. Утре ќе има координативен состанок со министерот за економија и државните институции, во вторник ќе се излезе со повеќе информации, истакна Николовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Поврзани новости