Во време на најголема криза Мицкоски прави деструкции и блокади, обвинува СДСМ

by fokus

Во време на најголема економска криза, Христијан Мицкоски прави деструкции, блокади и по секоја цена врши партиско мотивирање на протести, обвинува владејачката СДСМ.

-Пред нас е одговорна работа, справување со последиците од најголемата криза по Втората светска војна којашто Владата предводена од премиерот Ковачевски успешно ја спроведува.

Но, сето ова Мицкоски не го интересира, бидејќи наместо за интересите и потребите на граѓаните, единствено се грижи за неговата политичка кариера.

Владата и парламентарното мнозинство предводено од СДСМ се стабилни и нема да дозволат изгубениот Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ да направат штета на граѓаните, нема да дозволат да влеат несигурност или нови кризи, се вели во соопштението.

Инаку Мицкоски побара средба со премиерот Димитар Ковачевски и предвремени парламентарни избори.

Поврзани новости