642
Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8.306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопшти порталот Југпрес, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.
Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Република Северна Македонија со првата доза е 11.540, a со втора доза се вакцинитале 8.306 граѓани.
Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, додека помал број ги добиле вакцините на Фајзер, Спутник В и Астра/Зенека.