620
Лице без знаци на живот, со повреда од огнено оружје пронајден е ноќеска во 1:40 часот по полноќ, во патничко возило „рено меган“ со пробни регистарски таблички на крстосницата помеѓу селата Радуша и Свиларе, скопско.
Како што соопшти денеска МВР, лицето било пронајдено од страна на полициски службеници од полициското одделение Сарај.
-По преземени мерки било утврдено дека станува збор за А.А.(39) од с.Никуштак, општина Липково. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото било предадено на обдукција, наведуваат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.