Четворица високи претставници на Иранската револуционерна гарда кои делувале на територијата на Сирија загинаа при воздушен напад. Иранските претставници тврдат, зад нападот стои Израел.
Иранската новинска агенција Мехр соопшти дека во нападите загинале началникот на сириското разузнавање, неговиот заменик, како и уште двајца членови на гардата, како и поголем број сириски војници.
Нападот бил извршен во населбата Мазе, југозападен Дамаск, област каде што се наоѓа воен аеродром, како и седиштето на ОН.
Израел не го коментира нападот иако земјата со години врши напади врз цели поврзани со Иран во Сирија.
Ваквите напади се интензивираа откако започна војната меѓу Израел и Газа по нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.
Минатиот месец при воздушен напад во близина на Дамаск беше убиен висок командант на Иранската револуционерна гарда.