Во воздушен израелски напад на Сирија, убиен висок функционер на Хезболах

by Fokus

Во израелски воздушен напад врз автомобил во близина на сириската престолнина Дамаск е убиен Салман Џума, висок припадник на Хезболах одговорен за врска со сириската армија, изјавил за Ројтерс извор од либанската безбедност.

Сириската државна новинска агенција го објави нападот на аеродромот, но не објави детали за жртвите.

Засега нема коментар од израелската војска. Израел ретко ги признава своите напади во Сирија, каде што водеше повеќегодишна воздушна кампања против иранските воени средства и оние на неговите сојузници, вклучително и Хезболах.

Во ретка изјава минатиот месец, соопшти дека ги погодил разузнавачките објекти на Хезболах во близина на Дамаск.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го предупреди сирискиот претседател Башар ал Асад дека „си игра со оган“ дозволувајќи му на Иран да им пренесе оружје на своите сојузници преку Сирија.

Поврзани новости