Во воз во Австрија на патниците место вообичаените железнички најави по упадот на двајца осомничени им биле пуштани делови од говорот на Адолф Хитлер, пренесува „Дер Стандард“. Тоа ги шокираа патниците, потврди во понеделникот портпаролот на железничкиот оператор ОеББ, по написот во весникот „Дер Стандард“.
Тој рече дека истрагата утврдила дека двајцата осомничени успеале да отклучат дел од вагонот со разглас, каде потоа од мобилен телефон ги пуштале говорите на Хитлер.
„Сè беше пуштено многу гласно. Беше многу непријатно и вознемирувачко“, рече портпаролот.
Против двајцата осомничени, кои беа јасно идентификувани на камерите кога излегле од возот во Виена, започна истрага. Не се знае како го добиле клучот, но исклучено е да се работи за вработени во ОеББ.
„Тоа е стандарден клуч што се користи низ цела Европа, а веројатно ги има десетици илјади“, рече портпаролот. Ова е трет инцидент со систем за јавно обраќање во Виена за само неколку дена.