462
Огромен пожар избувнал попладнево во скопско Волково, каде дел од куќите се зафатени, но изгасени, а жителите се видно исплашени.
Пожарот почнал покрај реката Лепенец, каде кејот е полн со ѓубре. Тамо почнал огнот, кој поради ветрот брзо се проширил по тревата и околните дрвја, а стигнал и до првите куќи.
Жителка на Волково сведочеше дека многу брзо огнот стигнал до нив и дека да не биле пожарникарите се ќе изгорело.
Другите жители, за Сител сведочеа дека постојано покрај Лепенец се трупа отпад, таму се пали, но во вакви временски услови, кога е суво, а има ветар, постојано се под закана од пожар.