411
Ако Македонија не ги реши уставните измени, земјата ќе влезе во групата на држави со отворени прашања – вели шефот на дипломатијата Бујар Османи.
За многу брзо време јавноста ќе се увери дека во ВМРО-ДПМНЕ има идеoлошко крило кое ќе гласа за уставни измени, порача и денеска шефот на дипломатијата Османи, откако вчера од опзоциската партија го обвинија дека со таквите тврдења само се обидува да ја дефокусира јавноста.
Според Османи, можностите за меѓупартиски консензус се уште не се ицрпени и предупреди дека ако не се решат уставните измени сега, Македонија ќе влезе во групата земји со отворени прашања, на која и се заканува децениска изолација.