Во Венецуела запленета голема количина американско оружје

by fokus

Во Венецуела е запленета голема количина оружје и муниција за кои е утврдено дека се испратени од Соединетите Американски Држави, јави агенцијата Анадолија.

Министерството за јавна безбедност на Венецуела преку Твитер соопшти дека во магацинот на меѓународниот аеродром „Артуро Микелена“ во Валенсија, е запленето големо количество оружје и муниција испратени од градот Мајами.

Заменик-министерот за јавна безбедност, Ендес Паленсија, на Твитер објави фотографии од запленетото оружје и муниција. Тој соопшти дека во магацинот се пронајдени 19 пушки и 118 шаржери од американско производство, муниција со голем калибар, неколку десетици апарати за комуникација, меѓу кои и шест мобилни телефони.

Паленсија изјави дека е утврдено оти запленетото оружје и муниција на 3 февруари биле доставени со авион од Мајами, пренесува Анадолија.

Поврзани новости