Во Велика Британија за првпат е прогласен црвен метео аларм поради екстремни горештини, јави Би-би-си.
Тоа значи дека постои опасност по здравјето на луѓето и оти секојдневните рутини ќе бидат променети.
Даунинг стрит соопшти дека метео алармот го третира како итен случај.
Се предвидува дека температурата на воздухот на почетокот на следната недела во Шкотска и Северна Ирска ќе биде околу 30 степени, додека во некои делови од Англија и Велс ќе достигне близу 40 степени.
Предупредувањето на британската метеоролошка служба за следниот понеделник и вторник ги опфаќа и градовите Лондон, Манчестер и Јорк.
Британските национални здравствени власти објавија највисок степен на тревога за институциите за здравствена заштита поради жештините.
Тие предупредуваат дека се можни здравствени проблеми и смртни случаи и кај „јаки и здрави“ личности