Во Велес синоќа уапсени седуммина, полицијата пронашла дрога

by Fokus

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска во Велес се уапсени седум лица и deka кај нив се најдени различни видови дрога.

-Минатата вечер во периодот од 22.00 до 01.30 часот на место викано Бабуна во Велес, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Велес и Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Велес лишиле од слобода седум лица затоа што кај нив биле пронајдени различни видови дрога, соопшти МВР.

- Advertisements -

Од МВР велат дека полициските службеници постапувајќи по претходно изготвен план за „Безбедно лето 2023“ и на местото, каде што се одржувала забава, извршиле контрола на повеќе лица и возила.

-Притоа, во 22.00 часот од слобода биле лишени  19-годишната А.М. од с.Теарце, тетовско, А.Т.(20) од Прилеп и Д.Т.(20) од Тетово затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и таблети екстази. Во 22.45 часот од слобода биле лишени И.Г.(29) и Ј.А.(20), двајцата од Велес, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. Додека, во 01.30 часот од слобода биле лишени Р.С.(30) и 32-годишната С.С., двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое се превезувале биле пронајдени одземени  марихуана и амфетамин, соопшти МВР.

Од полицијата велат дека лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Поврзани новости