319
Неколку лица и еден полицаец од Метрополитен полицијата се повредени во престрелка во Вашингтон, во која загина 15-годишен тинејџер.
Инцидентот се случи денеска во близина на местото на оддржување на концертот „Џунтент“(Juneteenth), на фестивалот Моачела, пишува „First Post“.
Шерифот Роберт Џеј Конти изјави дека пукањето се случило околу 18 часот.
-Во близина на местото на фестивалот имаше камион со луѓе кои пуштаа музика. Луѓето почнаа да се собираат и за време на собирот дојде до тепачка меѓу неколку лица. По неколку минути дошло до пукање и не бевме сигурни што се случило бидејќи луѓето во тој момент се разбегаа, рече шерифот.