Во вардарскиот регион 156 лица во изолација поради контакт со инфицирани од Ковид – 19

by fokus

Во изминативе денови во Неготино се регистрирани уште две нови лица на кои им е издадено Решение за изолација, со што бројот се зголеми на седум. Едното лице е регистрирано вчера, додека пак другото пред три дена. Како што појаснуваат од СВР Велес, Решението за изолација се издава на лица кои имале контакт со заболени од корона вирус.

Бројот на лица со Изјава за самоизолација во Неготино пак, до денес изнесува пет. Изјавата за самоизолација се издава најчесто на возачи на камиони и други лица кои допатувале во земјава.

Во Кавадарци денес е регистрирано едно Решение за изолација, и две Изјави за самоизолација.

Во Велес бројот се зголемува секојдневно, поради порастот на бројот на новоинфицирани, па до денес 148 лица се со Решение, а пак 16 со Изјава.
Со тоа, вкупниот број на лица со Решение за изолација во вардарскиот регион до денес изнесува 156.

Инаку, во Велес се регистрирани 127 случаи на вирусот, од кои до денес 52 се активни. Осум од заболените починаа досега. Во Кавадарци се регистрирани пет случаи, моментално нема ниту еден активен, во Неготино се регистрирани два случаи, исто така нема активен во моментот. Во Демир Капија се регистрирани седум случаи, од кои два се активни.

Вики Клинчарова

Поврзани новости