Во Вардар пронајдено тело на маж, кој се водел за исчезнат

by fokus

Во водите на Вардар вчера е пронајдено тело на маж, кој бил пријавен за исчезнат

Во близина на мостот кај велешкото село Уланци, на местото викано „Горна Лака“, вчера околу 14.20 часот во водите на реката Вардар било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес и било констатирано дека се работи за 77-годишниот А.Н., кој бил пријавен за исчезнат на 04.12.2017 година.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

 

Поврзани новости