Во Вардар пронајден труп на возрасен скопјанец кој бил пријавен за исчезнат

by fokus

Машки труп утрово бил пронајден во водите на реката Вардар, кај Пешачкиот мост во близина на здравствена установа. По преземени активности е утврдено дека станува збор за Ј.Ш.(88), за кого на 15 октомври 2023 било пријавено дека се оддалечил од домот.

Од МВР информираат дека случајот денеска во 9.25 часот бил пријавен во СВР Скопје од случаен минувач.

Полициски службеници од ПС Карпош излегле на местото, а од страна на припадници на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје телото е извлечено од водите на реката. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Поврзани новости