485
Во куќа во кумановското село Ваксинце полицијата вчера пронашла 51 мигрант, меѓу кои имало и шест малолетни лица.
Како што е наведено во билтенот на Министерството за внатрешни работи (МВР), полициски службеници при претрес во домот на Т.Ќ. (59) вчера во Ваксинце пронашле 51 мигрант од кои 38 од Пакистан и 13 од Авганистан.
Полицијата го известила обвинителството и се работи на расчистување на случајот.