Уставен суд денеска бира нов претседател кој ќе дојде на местото на Добрила Кацарска чиј тригодишен мандат завршува на 2ри јуни и нема право на реизбор.
Кој ќе седне во удобната претседателска фотелја, треба да се дознае наскоро.
Во трката се 8 уставни судии.
Новиот прв човек на Уставен се бира со двотретинско мнозинство од судиите на седница, со тајно гласање.
Секој од нив може да предложи кандидат за претседател.
Советничката на Венко Филипче во Ковид кризата, Тања Васиќ Бозаџиева, и професорката на Правниот факултет ,,Јустинијан Први”, Ана Павловска Данева, се можни кандидатки за претседателки на Уставен.
Во игра се и Јадранка Дабовиќ и Елизабета Дуковска.
За да биде избран нов претседател неопходно е околу него да се усогласат најмалку шест судии па затоа тука неопходна ќе биде и поддршката на Насер Ајдари, Осман Кадриу, Дарко Костадиновски, Фатмир Скендер.
Ако кандидатот не го добие потребното мнозинство гласови, постапката за избор на претседател се повторува