Во Украина се бореле 79 Македонци, од кои загинале 26

by Fokus

Руското министерство за одбрана ја објави најновата листа на странски борци или платеници како што тие ги нарекуваат кои се борат или се загинати во војната во Украина.

Во графата за Македонија стои дека вкупно од 24 февруари до сега во Украина на страната на владата на Зеленски се бореле 79 македонски државјани.

Од нив според руското министерство за одбрана елиминирани или убиени се 26 македонски борци или странски платеници како што ги нарекува Москва, што значи во споредба со минатиот месец животот го загубиле уште двајца.

Во Македонија се вратени 21 лице или двајца повеќе за разлика од јули, а активни на фронтот во моментов се 32 лица.

За споредба само од Косово во Украина досега се бореле 156 лица од кои 72 или речиси една половина се убиени.

Во случајот со Македонија убиени се една третина од заминатите во Украина.

 

 

Поврзани новости