Во Тузла маж се разнесе со бомба, повредена и сопругата

by Fokus

Во босанскиот град Тузла утрово во експлозија загина маж, пренесе порталот „Аваз“. Според информациите од босанските медиуми мажот се разнел со бомба. Тој тешко ја повредил сопругата, но нејзиниот живот не е во опасност. Во куќата била и ќерката, но не била повредена.

На местото на настанот присутни се поголем број припадници на специјалната полициска единица и поради сомневање дека во објектот има повеќе експлозивни направи. Населбата е блокирана. Од босанската полиција велат дека во тек е истрага.

„Пациент со иницијали Е.О. е хоспитализиран на Одделот за интензивна нега на Клиниката за анестезиологија и реанимација на Универзитетскиот медицински центар Тузла, со повеќе повреди на екстремитетите. Подготовките за операција се во тек“, изјави Ерсија Ашчериќ Мујединовиќ“, изјави портпарол на клиничкиот центар Тузла.

Поврзани новости