Во Турција уапсени две Русинки под сомнение дека се членки на ИД

by fokus

Турската полиција уапси две државјанки на Русија на границата со Сирија откако илегално влегле во земјата.

Двете жени се уапсени во пограничната провинција Килис под сомнение дека се членки на Исламска држава. По жените Интерпол има издадено потерница.

Со двете жени патувале и три дева.

Русинките се уапсени само неколку дена откако лидерот на ИД, Абу Бакр ал Багдади е убиен во северозападна Сирија во близина на границата со Турција во операција на американските специјални единици.

Поврзани новости