336
Во шест турски провинции денеска се уапсени десет новинари од прокурдски медиуми, една недела по стапувањето во сила на новиот закон за медиуми, соопшти Синдикатот на новинарите на Турција.
„Десет наши колеги се уапсени за време на акциите во Анкара, Истанбул, Ван, Дијарбакир, Урфа и Мардин“, соопшти синдикатот ТГС на Твитер, без да ги прецизира причините за апсењата.
Уапсените новинари работат за прокурдските новински агенции „Mezopotamya“ и „Jinnews“.
Новиот турски закон за дезинформации значи дека оние кои се прогласени за виновни за намерно објавување дезинформации или „лажни вести“, за кои властите тврдат дека шират паника, ги загрозуваат безбедносните сили или целокупното здравје на турското општество, може да бидат осудени на затворска казна до три години.