84
Турската антитерористичка полиција во источната провинција Елазиг уапси шестмина осомничени за наводни врски со терористичката група Исламска држава, соопштија денеска безбедносни извори кои побараа да останат анонимни.
Еден од осомничените е ослободен под судски надзор, додека петмина ќе бидат депортирани, јавува Анадолија.
Во 2013 година Турција стана една од првите земји што ја прогласи Исламската држава за терористичка организација.
Оттогаш, терористичката група извршила најмалку 10 самоубиствени напади, седум бомбашки и четири вооружени напади во земјата, при што загинале повеќе од 300 луѓе, а стотици се повредени.
После тоа Турција започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.