469
Во Турција во тек е голема полициска акција. Се приведуваат изведувачи на градежни работи на зградите кои се срушија по катастрофалниот земјотрес. Се приведуваат и инвеститори и сопствениците на компаниите кои ги граделе висококатниците.
Властите во Турција рекоа дека во неделата издале 113 налози за апсење во врска со изградбата на зградите кои се срушиле, а можеби и немало да се срушат ако се почитувале сигурносните стандарди.
Турската полиција уапси најмалку 12 лица, вклучувајќи и сопственици на градежни фирми затоа што се срушиле згради кои требало да го издржат потресот.
„Ројтерс“ јави дека потпретседателот Фуат Октај рекол дека 131 лице досега е идентификувано во ланецот за одговорност за несовесна изградба.