949
Турција денеска повторно регистрира рекорден број новозаразени со корон авирусот, откако во последните 24 часа позитивни се тестирани 63.082 луѓе, што е највисока бројка од почетокот на пандемијата.
Во истиот период починале 289 пациенти, со што вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата достигна 35.320.
Турција е на четврто место во светот според бројот на новозаразени со Ковид-19. Досега се потврдени повеќе од 4,1 милиони случаи на корона вирусот.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави неколку нови рестриктивни мерки и „делумно затворање“ во текот на првите две недели од исламскиот свет месец Рамазан со цел сузбивање против растечката зараза.