Турската гранична полиција привела 19-годишен шведски државјанин по кога е издадена потерница поради сомневање дека учествувал во опажарување на возила во Шведска, објави шведскиот весник „Гетеборгс постен“.
Шведската полиција утврдила дека еден од осомничените заминал за Турција и ги предупреди турските власти. Се предвидува приведениот денеска да биде екстрадиран во Шведска.
Најмалку сто автомобили беа опожарени во ноќта помеѓу понеделникот и вторникот во реонот на Гетеборг и и Тролхатен. Пироманите дејствувале истовремено во неколку реони, а биле координирани преку социјалните мрежи. И синоќа биле опожарени четири автомобили.
Во Шведска приведени се две лица под обвинение дека учествувале во палењето на возилата.
Според очевидците возилата биле потпалувани од луѓе облечени во темна облека и со качулки. Тие носеле канти со бензин и бејзбол палки со кои ги кршеле стаклата на автомобилите.
Полицајците кои им помагале на пожарникарите биле нападнати со камења