330
Турција поведе истрага против повеќе од 600 лица поради уривање на објекти во катастрофалните земјотреси на 6 февруари, изјави турскиот министер за правда, Бекир Боздаг.
Тој додаде дека 184 лица од вкупно 612 осомничени ќе бидат задржани во притвор до почетокот на судскиот процес.
Како што пренесува „Асошиејтед прес“, меѓу уапсените се градежни изведувачи и сопственици или менаџери на зградите.
„Откривањето на докази во зградите продолжува, како основа за кривична истрага“, порача Боздаг.