418
Еуростат евидентира големо поскапување на храната во Македонија за минатиот месец.
Во август годинава најголема инфлација на храна имало во Турција, па следуваат Србија и Унгарија. Македонија е на шестото место со 13,1 отсто инфлација на храна.
Aлбанија има 8.4 отсто инфлација, Грција 10.8 отсто, а Хрватска бележи инфлација од 11.1 отсто.
Турција има инфлација на храната од 74.3 отсто, Србија има 17.9 отсто, додека на дното, со најмала забележана стапка на инфлација се Швајцарија и Данска, со 4,5 односно 4,6%.