Во Тунис судири помеѓу демонстрантите и полицијата откако се самозапали новинар

by fokus

Полицијата употреби солзавец со цел да ги растера демонстрантите кои протестираа во тунискиот град Касерин по денешниот погребот на новинар, кој се самозапали.

Новинарот Абдел Разак Зоргуи (32) синоќа се самозапали во знак на протест поради високата стаппка на невработеност и влошувањето на економската ситуација во истоимената провинција Касерин, која е една од најсиромашните во Тунис.

– Во име на синовите на Касерин, кои немаат средстав за храна, денеска ќе почнам револуција, ќе се запалам, изјави Зоргуи во видео снимката, што ја објави пред смртта.

Во декември 2010 година млад трговец се самозапали во градот Сиди Бузир, што доведе до масовни протести и смена на режимот на Зин ал Абидин бен Али во јануари 2011 година.

Поврзани новости