Во Црно море се урна руски ловец „Су-27“

by fokus

Според првични информации на руското Министерство за одбрана денеска во водите на Црно море, за време на редовен лет, се урнал авион „Су-27“,  јавија руските медиуми.

Несреќата се случила на 50 километри од градот Теодосија, каде пилотот на авионот пријавил дека има проблеми со леталото.

Во спасувачката операција се вклучени воени хеликоптери Ан-26 и Ми-8, како и цивилни бродови што биле во непосредна близина на местото на инцидентот.

„Потрагата по пилотот во зоната на дејствување е усложнета од лошите метеоролошки услови“, додава руското Министерство за одбрана.

Поврзани новости