Двајца свештеници од СПЦ во црногорската општина Бијело поље синоќа биле повикани на информативен разговор, поради присуство на протестен собир два часа претходно.
Подгорички „Вијести“ јавија дека освен нив, на информативни разговори повикани се повеќе граѓани кои присуствувале на протестот поради спорниот Закон за слобода на вероисповед.
Пред спонтаниот собир на градскиот плоштад во Бијело поље граѓани со автомобили со труби кружеа по улиците на градот, наведуваат „Вијести“, со напомена дека насобраните граѓани ниту носеле заштитни маски, ниту држеле потребна дистанца.
Од СПЦ во Бијело Поље соопштија дека не стојат зад организацијата на протестот и оти повеќе свештеници излегле на улиците откако дознале за протестот со цел да оневозможат евентуални нереди.
Вчера попладне, полицијата во Никшиќ, по налог на црногорското обвинителство, на сослушување приведе седуммина свештеници од СПЦ поради кршење на мерките на Националното координативно тело, а по одржана литија.