Во Црна Гора нови 66 заразени со Ковид-19

by Фокус

Во Црна Гора во последните 24 часа регистрирани се нови 66 случаи на корона вирус и еден смртен случај, соопшти денеска институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на потврдени смртни случаи од почетокот на јуни е 15, а оздравеле две лица.

„Од почетокот на јуни вкупниот број на регистрирани случаи е 963, со 15 потврдени смртни исходи и моментално 15 оздравени. Бројот на активни случаи во моементов е 933“, се наведува во соопштението.

Поврзани новости