Црногорската полиција уапси лице за кое се сомнева дека е еден од најбараните бегалци во светот, јужнокорејскиот државјанин До Квон, објави на Твитер министерот за внатрешни работи – Филип Аџиќ.
Поранешниот „крал на криптовалутите“, кој стои зад загуби од над 40 милијарди долари, е приведен на аеродромот во Подгорица со фалсификувани документи, а по него трагаат Јужна Кореја, САД и Сингапур“, рече Аџиќ.
U PODGORICI UHAPŠEN JEDAN OD NAJTRAŽENIJIH SVJETSKIH BJEGUNACA
Crnogrska policija lišila je slobode lice za koje se sumnja da je jedan od najtraženijih bjegunaca, južnokorejski državljanin Do Kwon, suosnivač i izvršni direktor Terraform Labs sa sjedištem u Singapuru.
1/2— Filip Adzic (@filip_adzic) March 23, 2023
Квон (31) во својата земја беше обвинет за измама и кршење на законите за пазарот на капитал.
На крајот на минатата година властите изразија сомневање дека бегалецот попознат како „крал на криптовалутите“ се крие во Србија.
Како што објави „Фајненшл тајмс“ во декември, Јужна Кореја стапила во контакт со властите во Србија, и покрај фактот што нема договор за екстрадиција меѓу двете земји.