799
Во центарот на Доњецк е соборена украинска ракета „Точка-U“, а во нападот има и жртви, јавуваат локалните медиуми.
Социјалните мрежи се преплавени со вознемирувачки фотографии и видеа од центарот на Доњецк.
Според првичните неофицијални информации, во центарот на Доњецк загинале 20 лица, а повеќе од девет се повредени.
За нападот руските власти ја обвинија Украина и тврдат дека ракетата дошла од место во близина на Киев.
Украина ги негираше обвинувањата и тврди дека најмалку 20 цивили „загинале од руска ракета или некој друг вид муниција“.