Од 15:50 часот патниот правец А1 Демир Капија-Смоквица е во целосен прекин и сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информира АМСМ.
Активни забрани за тешки товарни возила има на:
– Гостивар – Маврово-Дебар
– Гостивар – Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
– Ѓавато
– Струга – г.п. Ќафасан
– М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
– Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт.