МВР информира дека вчера рано наутро во 05.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, пред надвозник за с. Долно Српци, патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.М.(60) од Битола, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.Б.М.(55) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Вчера, пак, во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје – Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром – Скопје, патничко возило „шевролет матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(51) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П.
Истиот ден, околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар – Кичево, патнички автомобил „рено“, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот. Кај возачот и сопатникот С.Ј. (61) од Охрид биле констатирани телесни повреди, а кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди.