Во тоалет во Бугарија пронајдено распарчено тело на крипто милионер: Деловниот партнер го убил, па го исечкал на парчиња

by Fokus

Ноќта меѓу 8 и 9 август во Софија се случило грозоморно убиство за кое е осомничен Бугаринот Веско Валчинов, деловен партнер на жртвата, 41-годишниот Кристијан Пеев. Телото го пронашле водоинсталатери кои дошле да го исчистат одводот, а бугарските медиуми пренесуваат малку подетална верзија на настанот кој го шокираше светот.

Бугарската полиција на прес-конференција пред три дена соопшти дека иако се уште нема докази дека учествувал во ликвидацијата на Пеев, Валчинов е осомничен дека криел делови од распарченото тело на неговиот убиен пријател. Сепак, тие потоа почнале со нешто подетална оперативна работа, што довело до приведување на убиецот.

Следниот ден, Валчинов сам го напушти истиот влез. Доаѓал дома и повторно излегувал неколку пати во текот на денот посетувајќи сомнителни места. Преку оперативната работа на полицијата тој е поврзан со Константин Суботинов кој е приведен и испрашуван.

За време на распитот, тој признал дека му помогнал на Валчинов да сокрие делови од телото на Пеев така што некои од нив ги возел со својот автомобил до градот Витош и таму ги закопал. Кога сфатил дека полицијата му е влезена во трага, Валчинов се обидел да се сокрие во хотел во Витоша, но неговата локација била следена на неговиот мобилен телефон.

На тој начин истражителите собраале доволно докази за негово учество и вина и тој бил обвинет за убиство.

Убиецот и жртвата биле пријатели и имале намера да започнат бизнис со криптовалути, но условот бил Веско да му ги врати долгот од 2.000 лева (околу 1.000 евра) на Кристијан.

Поранешниот келнер Валчинов претходно веќе два пати бил приведен. За време на испрашувањето, тој измислил различни верзии за бруталното злосторство, но сите се покажале лажни, според тестот со детектор за лаги. Портретот на осомничениот за убиството е направен во Полицискиот институт за психологија при Бугарското МВР. Според експертите, тој е злобна и одмаздољубива личност. Ќе биде подложен на тестови за да се утврди дали е здрав и дали е психопат или социопат.

Пеев е вториот крипто-крал кој е пронајден мртов во брутални околности во рок од еден месец. Деловите од телото на Фернандо Перез Алгаба беа пронајдени во црвен ковчег фрлен во Буенос Аирес на 23 јули, откако тој исчезна пет дена претходно.

Поврзани новости