490
Полицијата ноќеска во еден часот по полноќ во Тетово уапсила двајца Данци, кај кои бил најден кокаин, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Денес околу 01.15 часот во Тетово од полициски службеници се лишени од слобода Д.Б.(39) и С.С.(27), двајцата од Данска, затоа што кај нив бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.