Во Тетово прегазено деветгодишно дете од Скопје

by Fokus

Вчера попладне во Тетово било прегазено деветгодишно дете од Скопје, при што веднаш било хоспитализирано во Клиничката болница во Тетово, каде му биле утврдени тешки повреди.

„На 13.07.2020 во 17.20 часот било пријавено дека на бул.„Видое Смилески Бато“ во Тетово, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.М.(39) од Тетово, удрило во деветгодишен пешак од Скопје. Во незгодата пешАкот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово“, информираат од МВР.

Поврзани новости