Во Тетово пет часа без вода

by Fokus

Јавното комунално претријатие (ЈКП) „Тетово“ информира дека се воведуваат рестрикции во водоснабдувањето во траење од пет часа.

Според информациите од таму,  од 5 јануари до денеска се откриени два дефекти кои се причини за губење на водата за пиење од новиот водоснабдителен систем.

– На 5 јануари 2022 во водоводната мрежа на Лешница настана дефект, кој следниот ден е санира. Потоа забележано е намалување на количината на вода, по што е локализиран уште еден дефект како резултат на лизгање на контролен бунар на водоводната мрежа кој ја испраќа водата од изворот Лешница до филтер станица- Лисец. Количината на вода заедно со бунарите достигнува до 160 л/с, количина која не е доволна за нормално и рамноправно снабдување на нашите граѓани, па затоа ноќе сме принудени да правиме рестрикци и тоа од 00:00 до 05:00 часот, информираат од ЈКП Тетово.

Поради дефекти на новиот водоснабдителен систем и во декември имаше рестрикции во водоснабдувањето.

Поврзани новости