Во Тетово, Охрид и во Скопје нападнати полицајци кои вршеле службени дејствија

by Fokus

Денеска во 01.05 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.Ф.Џ.(50) од САД затоа што во угостителски објект на подрачје на Центар го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон присутните и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

МВР информира дека во 00.15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле К.И.(33) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

Сличен настан се случил и во Охрид. Според информациите, во 00.30 часот полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Г.Ш.(24) и Е.Б.(44), двајцата од Охрид, затоа што агресивно се однесувале и упатиле закани кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.

По документирање на случаите, против уапсените ќе биде поднесени соодветни пријави.

 

Поврзани новости